Спиете ли здраво?

“Каков кревет, таков сон”, неоспорен факт што го живееме…

Креветот е највеличествениот изум што го создал човечкиот ум, а душата го облагородила, една од ретките работи која во текот на изминатите векови го задржалa својот основен облик и функција. Креветот нé следи од почетокот до крајот на животот, во него се раѓаме и умираме, сакаме и одмараме, закрепнуваме и се опуштаме, лежиме и размислуваме. Исто така, факт е дека на светот постојат само две навистина важни работи – добар кревет и добар пар чевли, бидејќи кога не си во едното од нив, значи си во другото.
Денес креветот е толку секојдневна работа што веќе воопшто не размислуваме за него, освен кога треба да го купиме. Воопшто не се прашуваме кој го измислил и како воопшто се дошло до него, важно ни е да ни биде „при рака и при тело“ и да можеме да прилегнеме на него секогаш кога ќе посакаме.

Кога сте поспани и уморни, чувствувате потреба за сигурно прибежиште, потсвесно тежнеете да се вовлечете во нешто топло како мајчината утроба. Па сепак, и покрај сите сознанија и благодети кои ги нуди современиот начин на живеење, сепак повеќето луѓе тоа прибежиште го пронаоѓаат спиејќи на навистина лоши кревети.

Во текот на спиењето треба квалитетно да се одмориме, а тоа е можно само ако го имаме  вистинскиот кревет што лесно се прилагодува на нашето тело. Ако сме спиеле добро, ќе се чувствуваме свежи и полни со енергија.

Креветот треба да задоволи бројни значајни параметри за кои не сме ни свесни кога ќе почнеме да го бараме „нашиот кревет“. Тој треба да биде од природни материјали, траен, еластичен, удобен, со здрава клима со добра спроводливост на топлина и влага. И тоа не е сé. Секој поединечен дел од креветниот состав, а го сочинуваат подлога, лежај-душек, јастук и покривач, мора да бидат, зависно од потребите, навиките и индивидуалните карактеристики на секој спијач, меѓусебно ускладени и во интеракција на делување на еден дел со друг, така што во сонот сите наши сетила би биле задоволни, сонот квалитетен, а телото одморено. А најдобар показател за тоа дали добро сме се одмориле или не, е тешкото или лесно утринско будење.

Значи, од сé што беше наведено не е тешко да се заклучи дека со избирање на креветот, истовремено одлучувате и за тоа како ќе изгледа Вашиот претстоен ден. Ако одберете некој од креветите понудени во Бернарда, без сомнение, ќе се будите со насмевка на лицето, а со одењето во кревет ќе имате мирни сништа.