Торба-душек
преносен антибактериски душек за вашето бебе

Торбата-душек во поглед на сигурноста, хигиената и квалитетот, со сигурност е најдобриот избор за остварување на мирен и сигурен сон, односно за безопасна игра на секое бебе, каде и да се наоѓа. Изработен е од најквалитетни здравствено испитани антибактериски материјали и не содржи механички крути елементи.Составен е од два главни слоја – средишно јадро од полиестерски (PES) памук и TENCEL® ткаенина изработена во основата на база на природно сурово дрво, односно горна навлака од антибактериско предиво навлечена на јадрото. Иновативниот, повеќеслоен систем на јадрото е составен според патентиран производен процес овозможувајќи оптимално прилагодување на детското тело. При тоа се користат TENCEL® влакна кои обезбедуваат исклучителна регулација на температурата и извонреден пренос на влагата што обезбедува опуштен сон кој одмара, односно добар почеток на новиот ден на бебето. Со оглед на составот, еластичноста на јадрото и  троделната преклопливост, ТОРБА-ДУШЕК е исклучително погоден за машинско перење до 40°C, лесен е за пренесување во соодветна торба, односно го олеснува престојот и сонот на најмладите членови на вашето семејство каде и да патувате.