Клупа и сандак

Клупата и „сандакот“ со простор за постелнина се изработени од дрвена конструкција и тапацирани во ткаенина или „еко“ кожа по желба на купувачот. Вообичаено се поставуваат пред креветот или во делот на узножјето, а служат како подлога за седење, или пак како „сандак“ за чување на различни работи. Можат да се постават во просторијата и како засебни елементи, т.е. да не се во комплет со креветот.