Ортосилк
Повеќеслоен душек, за лица со изразено потење

Благодарение на сошиената свила во навлаката на душекот, која  има голема апсорпциона моќ на впивање и брзо испуштање на влагата, душекот е посебно погоден за лица што прекумерно се потат. Вградената профилирана PU пена овозможува подобра прозрачност на душекот, а со тоа и поздрава клима за спиење. Повеќеслојното џепесто јадро, облога од двострано латексираниот сисал ( влакна од агава ), профилираната PU пена и пресвлеката од висококвалитетен фротир, му даваат на овој душек врвни својства.