Добредојдовте во Бернарда

Некои веруваат дека спиењето го скратува животот, но, сепак е сосема спротивно, спиењето е неопходна потреба и основен услов за здрав живот. Соврeмениот живот на човекот, исполнет со секојдневни задачи и проблеми е дополнителна причина за поквалитетен одмор и сон како превентивен лек за полесно и попријатно преживување на стресното секојдневие.
Затоа, ние во Бернарда, водени со мотото добар сон за здрав живот, со своите производи сакаме да ви помогнеме секојдневието да ви започне со прекрасно свежо будење, за да можете одморни и оптимистични да се фатите во костец со сите предизвици што стојат пред вас.

За да бидеме успешни во својата работа, во континуитет ги следиме сите научни, технолошки и светски современи трендови. Вложуваме во развојот, производството и оспособувањето на вработените. Исто така, комуницираме со нашите купувачи и по продажбата, и на овој начин сме секогаш отворени за сугестии и предлози. Резултат на тоа се задоволни купувачи од земјата и странство, но и многубројни награди и признанија за нашите производи.Благодарение на таквото работење и искуство низ овие 20 години, од светски познати синџири на хотели, приватни апартмани и пансиони до масовна индивидуална употреба, нашите кревети и душеци стануваат познати низ цела Европа.

Затоа дозволете ни, и Вам да ви понудиме да живеете поздрав живот…