12 години со Вас
Почнувајќи со крајот на осумдесетите со интензивна работа на пазарот на креветните системи во Европа, госпоѓа Бернарда Цецелја во производна соработка со хрватските партнери, пласира сопствена линија на кревети и душеци. Благодарение на квалитетните и иновативни технолошки решенија креветните системи БЕРНАРДА лесно го освојуваат европскиот пазар. Охрабрена со тие резултати, госпоѓа Цецелја во родната Хрватска 1998. отпочнува сопствено производство на висококвалитетни креветни системи БЕРНАРДА со 13 вработени на 800м2 производен простор под име на компанијата БЕРНАРДА д.о.о. Се разбира дека почетокот на производството е и почеток на пласманот на БЕРНАРДА производите во Република Хрватска.
Постојано свесни за важноста на квалитетот на производите, но и за научните иновации, реализирани во соработка со специјализираните научни институти за проучување на квалитетот на спиењето на чело со експертите со меѓународен углед, во Бернарда настануваат производи кои со текот на годините стануваат многу барани, како на пазарите во европската унија така и во Република Хрватска. Богатиот асортиман на `моќните` производи осигурува голема побарувачка, а токму таа е причината што веќе денес, 12 години потоа, компанијата Бернарда запослува 150 работници на 12.000м2 производен простор.
Најголем дел на производите на БЕРНАРДА и денес се пласира на пазарите низ Европска унија, се до Казахстан.Со тие производи опремени се синџири на светски хотели како што се Astron, Kempinski, Holliday Inn, Hilton, Sheraton, Intercontinental како и многу други. Во текот на 12 години присутност на хрватскиот пазар значајни хрватски хотели како Excelsior, Antunović, Central, Dubrovnik, Bellevue, Panorama и многу други, исто така се задоволни купувачи на овие производи. Преку реномираните салони за мебел, со истите квалитетни производи снабдени се и хрватските домаќинства. Поради големиот интерес на пазарот на поранешна Југославија. Во 2007. компанијата отвара претставништво, т.е. изложбено продажен салон во Белград а потоа 2008. и во Скопје.
Со цел да ги задволат потребите на пробирливиот пазар, креветните системи Бернарда, не се само резултат на актуелните светски трендови во производството на кревети и душеци, туку многу од нив со своите иновативни решенија поставуваат и нови стандарди за квалитетно здраво спиење одговарајќи така на барањата на стресното секојдневие.Таквото ниво на употребливост и иновација, постигнато е со воведување на голем број сертификати како што е сертификат за производство ISO 9001:2008, потоа сертификати за квалитет на производите како што се сертификати од LGA институтот од Нирнберг, од Шумарски факултет на универзитетот во Загреб, на центарот Еуроинспект-дрвоконтрола од Славонски Брод и се разбира знакот за хрватски квалитет. Високата иновативност на овие производи ја потврдуваат многубројните признанија, како што се Златни плакети-МОБИЛ ОПТИМУМ на саемот Амбиента во Загреб, диплома на Белградскиот саем на мебел, Диплома со златен медал 2007. и 2008. На Новосадскиот саем Амбиента, на Скопскиот саем на мебел како и многу други награди.
Благодарение на ваквите пословни успеси но и позитивните влијанија кои преку производите на БЕРНАРДА учествуваат во секојдневниот живот на нивните корисници, госпоѓа Бернарда Цецелја, директор и сопственик, последните неколку години прогласувана е за „најдобар стопанственик во малото и средно стопанство“.
