За претпријатието

Бернарда д.о.о.
претпријатие за производство на мебел, трговија и посредување во трговија.

Развој на работењето

Трговско друштво БЕРНАРДА, друштво со ограничена одговорност за производство на мебел, трговија и посредување во трговија основано на 09.07.1998 година.

Основната дејност на претпријатието е прозводство на различни типови кревети и душеци, а претпријатието е регистрирано и за трговија и превоз. Претпријатието е организирано како единствена производно-техничка целина составена од организациски делови во кои се извршуваат определени фази од работењето (производство, набавка, продажба, сметководство и финансии).

Главниот организатор и водител на фирмата е директорката заедно со водителите на поединечни делови или фази од работењето, која едновремено е и сопственик на препријатието.

Претпријатието произведува кревети, душеци, креветни системи и други производи сврзани со спиење.

Фирмата започна со работа на денешната локација на 01.09.1998 година во изнајмени простории. Во почетокот во фирмата работеа 13 работници кои произведуваа само (5) пет типови на кревети за извоз во лон аранжмани. Бројот на запослени работници од основањето наваму постојано се зголемува, односно денес во претпријатието се вработени околу 150 работници.

Веќе во почетокот на 1999 година претпријатието започнува со призводство на душеци и обработка на домашниот пазар, така што во истата таа година на домашниот пазар се остварени околу 30% од вкупниот приход за таа година.

Во текот на 2000. и 2001. Фирмата вложува значајни средства во проширување на работниот и магацинскиот простор (градба на магацин од 600м2).

Во 2002. година во адаптираниот складиштен простор отворен е нов погон во кој се кројат, обработуваат и подготвуваат елементи, односно се изработуваат комплетни креветни рамки кои дотогаш се изработуваа во кооперација.

Низ целиот период од основањето до денешен ден постојано се водеше политика на вложување во нови капацитети. Токму со таквите вложувања снабдени се нови основни средства (објекти и постројки).

Како што е видливо од изнесените податоци, претпријатието води развојна политика првенствено низ инвестирање во нови технологии и преку развој на нови производи.

Основни карактеристики на деловната политика на претпријатието што придонесе за ваквиот развој и резултати се:
1. Грижа за купувачите
2. Воведување на системот за управување со квалитетот ISO 9001:2000
3. Грижа за работниците
4. Постојан раст на производството и продажбата, како и бројот на вработени
5. Стабилност во работењето

Претпријатието денес произведува 11 типови кревети, 25 типови душеци и 10 видови други производи, со тенденција за постојано ширење на асортиманот, а располага и со деловни објекти во кои се одвива работењето (цца 2200 м2 корисен простор).

Во рамките на деловниот простор решена е комплетната инфраструктура и тоа со: струја, вода, видео надзор, противпожарен систем, информациски систем, централно греење, компримиран воздух, одводен систем за воздух и сопствен превоз.

Производствениот дел од работењето се извршува со помош на современи машини (кроење, шиење, спојување, навлекување, тапацирање) специфични за таков вид производство. Стрчниот кадар во претпријатието постојано го следат развојот на технологијата и новите материјали во браншата, вклучително осигурување на нивната примена во фирмата.

Во производство на душеци, кревети и системи за спиење, претпријатието се вбројува меѓу трите водечки фирми производители во Хрватска. Од вкпното производство (во парчиња) во 2003. година, препријатието успеа да пласира 48,70% на домашниот, односно 51,30% на странскиот пазар. Со најзначителните купувачи и добавувачи препријатието има воспоставено долгогодишна соработка. Своето место на пазарот препријатието го обезбедило во поглед на широк асортиман, висок квалитет и конкурентни цени.