Линија Наутика

Со цел да минеме што подобар одмор на нашето пловно средство, односно во него да се чувствуваме максимално комфорно и лагодно, помеѓу другото битни се и некои неминовни „ситници“. Ситницата на пример како што е квалитетот на спиењето во вашиот морски љубимец. Со една таква причина направете ги условите за одмор и спиење еднакво квалитетни како и во вашиот сопствен дом.

Атмосферските услови на пловното средтво се многу потешки од оние во класичните станови и куќи. На креветните системи во пловните средства влијаат многубројни негативни фактори како што се влагата, затворениот простор без циркулација на воздух, температурните услови (создавање на кондензати) итн.

Со оглед на претходно споменатото, чест е случајот леглата во пловните средтва да се полни со мувла, габички и смрдеа што само по себе го скратува векот на траењето на леглото, односно неопходно е истите да се менуваат. Токму од тие причини, во погоните на нашето претпријатие работи тим на стручни лица кој го проучува квалитетот на спиење и одмор на пловните средства. Земајќи предвид дека нашето претпријатие е едно од водечките производители на душеци и креветни системи во Хрватска со искуство стекнато на странски пазари, располагаме со високо квалитетна технологија во производството и развојот. Притоа се служиме со најнови материјали во производството кои се веќе пропишани и определени од светските здравствени центри за проучување на спиењето. Земајќи го сето ова во предвид, нашиот тим од стручни лица во можност е да ги произведе и најсофистицираните душеци за вашето пловно средство и тоа по светските здравствени норми.

Бернарда душеци за пловни средтсва -гаранција за здраво спиење во сите видови услови

Душеците за пловни средства се произведуваат врз база на жичано џепесто јадро, CMHR сунѓер или термоактивна пена. Се произведуваат во сите форми и височини. Не се запаливи и овозможуваат струење на воздухот. Текстилните материјали кои се користат за изработка на пресвлеки се одликуваат со одлични антибактериски својства, а особено добро реагираат на измената на активна влага смалувајќи ја можноста за појава на мувла и габички. Производството на вакви легла е строго индивидуална поради многубројните, различни форми и ситуации во кои се користат ваквите легла.

Бидејќи најчесто се работи за замена на веќе дотраени легла, како и вградување на нови производни па се до соосема различни здрави и отпорни материјали, на секоја нарачка и се пристапува целосно студиозно. Заради таа причина секоја нарачка се обработува најпрвин од нашиот тим на стручни лица и тоа во неколку етапи, зависно од договорот со нарачателот. Ваквиот начин на студиозно работење гаранција е за успешното достигнување до здраво спиење и одмор, дури и во најмалите простории на Вашето пловно средство.


Системи на подници за пловните средства: заштита на душекот од влага
Од причина што на пловните средства се сретнуваме со релативно тесни простори за сместување на леглата, односно душеците, чести се случаите на инсталирање на душеци без квалитетен состав на подници, односно во некои случаи дури и без подници.

За квалитетен систем на подници се смета оној што задоволува две основни карактеристики неопходни при користењето на пловните средства:

  • одлични ергономски својства: квалитетна флексибилност на подниците со цел при интеракција со душекот максимално да се подржи потребната ергономија за здрава положба на телото при спиење.
  • врвно воздушно струење: конструкциските решенија на подниците мораат максимално да им овозможат струење на воздухот под самиот душек веднаш штом се обезбеди сува атмосфера. На таков начин битно се смалува опасноста од акумулирање на непожелна влага, односно создавање на мувла, габички и непријатен мирис. Продолжен е векот на траење на леглото, а во исто време се обезбедени услови за извонредно натамошно антибактериско дејствување на душекот.
Системот SPACE-FLEX

Системот Space – flex извонредно ги задоволува сите потребни барања. Негова натамошна битна предност е во извонредно малите димензиии на неговата височина која достигнува само 2 цм, што го праави идеален за користење во пловните средства со мниогу тесни простории. На тој начин можно е да се инсталира квалитетен креветен систем и во случаи кога ни производителот на пловното средство не ја предвидел употребата на подници во самите легла.

МАРИНИТЕ ЗА ПЛОВНИ СРЕДСТВА НА БЕРНАРДА:
нова генерација на еластични подлоги за душеци
МАРИНИТЕ ЗА ПЛОВНИ СРЕДСТВА НА БЕРНАРДА Froli LTX

Системот на подници за душеци се базира врз така наречениот систем Latoflex, посебно обликуван за потребите на пловните средства.  Со користење на таканаречените latoflex елементи(летвички од ламинирано дрво) специјално изработени со пластични пружести граничници, со што се зголемува еластичноста на подницата, т.е. се осигурува независност на движливоста на таканаречените единечни latoflex елементи. Без потребата за користење на рамки за прицврстување на единечните елементи овозможена е извонредно струење на воздухот, односно здрава и хигиенска атмпосфера. Од причина што граничните пружести елементи се меѓусебно поврзани не е потребно нивно прицврстување за подлогата на леглото.  Заради „мекиот“ спој помеѓу таквите елементи, подниците со намотување можат лесно да се извадат (во случај на потреба на евентуален отвор под леглото), при што на тој начин завземаат минимален простор. Ваквиот состав со својата едноставна конструкција и благодарение на самите материјали не изискува квалификувани лица во текот на составувањето на истиот.

МАРИНИТЕ ЗА ПЛОВНИ СРЕДСТВА НА БЕРНАРДА Froli FS

Како основа се користат пластични пружести елементи кои извонредно лесно се спојуваат со припаѓачките сврзни елементи во едноставна мрежа која во целост ја сочинува подницата на леглото, а при тоа се постигнуав максимална сегментна еластичност.

Сегментната (точкеста) еластичност добиена во ваквиот систем овозможува максималн прилагодување на леглото-душек кон секоја промена на положбата на телтото на лицето кое спие, поставувајчи го телото во природна положба со негово оптимално отпуштање.

Елементите се произведуаваат во две основни тврдини: меки, средно тврди. Степенот на тврдост може во индивидуални случаи и да се зголемува по желбата на лицето кое спие и тоа во определени зони со помош на вградување ан елементи за затегнување. Со едноставно комбинирање на тврдината на ваквите елементи, многу лесно е можно да се утврди тврдината на подницата на точно определени места кои сосема му одговараат на лицето кое спие.

Основниот пружест елемент со димензиј 13×13 цм е предвиден за внатрешните плочести делови на подницата, додека на рабовите, особено оние закривени или асиметрични (какви што се најчесто во леглата на пловните средства) се користат помали елементи со димензија 13×5 цм. Со нив се овозможува изградба и на најсложените форми на подници.

Со комбинација на помали и поголеми опружени елементи, како и со нивно фиксирање за подлогата, можно е да се изолираат отвори на подлогата со што остануваат целосно функционални, односно без потреба за вадење на подницата при користење на отворот.

Системот на ваквите подници особено е практичен при користење на пловните средства од причина што е изработен од материјали отпорни на влага, вода, сол и сонце. Благодарение на сопствената компактна мрежна структура, ваквата подница осигурува максимално струење на воздухот во самиот душек притоа осигурувајќи квалтетни и здравствени услови за боравок. Со височина од само 40 мм максимално се штеди просторот, а посебна предност претставува едноставната монтажа без потреба за квалификувани стручни лица.