Kapok line

Навлаки со изразено терморегулациски својства. Организмот може да ја одржува оптималната температура на телото само доколку е осигурен балансиран дотур и одвод на топлина. Додека телото е во лежечка положба, потта тешко се пренесува во околниот воздух, па таа улога мораат да ја превземат ткаенините кои се во допир со лицето кое спие. Оттаму, за сочувување на топлината треба добро да се изолира душекот одоздола. Од причина што текстилните материјали се добри спроводници  на топлината од воздухот, воздухот затворен меѓу слоевите на јастучните слоеви на текстилот во таков случај се јавува како одличен изолатор. При проаѓање топлината не се врзува за текстилните влакна како влага, туку само минува низ материјалот. Од таа причина при изработка на душеци и постелнини за најдобри се сметаат оние материјали кои се одликуваат со добра пропустливост за влага и со помал топлински отпор кон воздухот. Од таа причина, пресвлеката од линијата Капок се изработува од најфините влакна, плод на билката Капок, кои се 8 пати полесни од памукот и се вбројуваат меѓу најлесните растителни влакна од природно потекло. Бидејќи во својата структура имаат “заробено” 80% од молекулите на воздухот кои пак дејствуваат како природен изолатор, пресвлеката овозможува природна терморегулација. Тоа значи дека летно време лади, а во текот на зимскиот период грее. Покрај посебната мекост и благопријатност овој материјал се одликува и со мирис на горчливост кој се покажал како непријатен за грините, и со самото тоа ги отстранува.