Hydrofast line

Идеална навлака за лица со проблеми на претерано потење. Во текот на ноќта човечкото тело излачува од 0,5 до 0,75 литри вода. Со оглед на тоа дека сувата клима е поздрава и попријатна од влажната, лежајот мора да биде пропустлив и прозрачен. Тоа особено се однесува на површинските слоеви како телото не би лежело во вода, т.е. во таканаречен сопствен базен. Влагата во креветот е опасна затоа што помага при настанување на реуматските болести и затоа треба да се овозможи нејзино спроведување во внатрешните делови и попрецизно, да се концентрира во хигроскопните материјали. Токму ваква карактеристика има Hydrofast line навлаката. Благодарение на компонентите кои овозможуваат добро спроведување и струење на воздухот, влагата се распоредува по целата површина на душекот и затоа брзо излегува од навлаката и душекот без задржување во внатрешните структури. Корисникот се чувствува пријатно, а неговиот сон, поради правилната измена на воздухот и водата е непрекинат и регенеративен.