Fire Resistant line

Серијата Fire Resistant line (огноотпорна) е навлака изработена од ткаенини  обработени со посебни постапки кои им даваат својства на негорење. Се работи за ткаенини со британски стандард на негорење (British standard) – Crib 1 (тест на цигари), Crib 5 и Crib 7, кој е и највисок стандард, а се користи во нашиот бродски програм, како и за хотелите, но може да се користи и за индивидуална употреба. Огноотпорната навлака Fire Resistant line истовремено има и својство на   “самозгаснување” што значи дека при допир со запалена цигара на местото на тлеење се топи структурата на навлаката во негорлив “гел” кој со правилно ширење го изолира кислородот и го оневозможува натамошниот развој на огнот и истовремено го придушува.

Во душеците се вградуваат и негорливи сунѓери, кокос, PES вата, волна, памук и останати испитани материјали кои поседуваат атест на негорливост. Со огноотпорната (Fire Resistant line) колекција опфатени се и душеците во Nautica line програмот.