Аквамарин
Душек на новата генерација

Висококвалитетен душек со единствени природни и термоактивни карактеристики кои гарантираат совршено спиење.

Горниот слој на трислојното јадро на душекот е произведен од високоеластична мемориска пена, приспособива на телото кое спие, вклучително и истакнати терморегулациски својства. Специфичниот профил на овој слој се постигнува со масажното дејство во текот на спиењето. Долниот слој „Gaia“ потполно е природен, врз база на вода, соја и ароматични масла со што се постигнува врвна релаксација на телото кое спие. Еластичниот среден слој од ладно лиена пена, се грижи за стабилноста и трајноста на душекот, а посебните профили и канали за воздух придонесуваат за поквалитетна размена на на влагата и добра проветреност.

Посебноста на овој душек се должи на навлаката SeaCell®, исткаена со природни влакна од морски алги. Со тоа се остварува активна размена на природните материи помеѓу навлаката и кожата на телото кое спие. Збогатени со калциум, магнезиум и со витамин E овие влакна се гаранција за здрав и мирен сон.

При употребата на душекот обврзно е користење на подници од ламелирани еластични летвички.