Antimoskito line

Навлаката со вградени микро капсули со етерично масло од цитрус и еукалиптус. Во текот на спиењето со поместување и притисок на телото, капсулите со големина на молекула пукаат и ослободуваат етерични масла кои се со одбоен мирис за комарците. На тој начин на лицето кое спие му се овозможува мирен и непрекинат сон, без непријатното утринско чешање или црвенило. Оваа колекција на навлаки со својата конструкција има контролирано дејство и долготраен ефект, дејствува благопријатно и освежувачки врз кожата на лицето кое спие, а мирисот на цитрус и еукалиптус освен одбивањето инсекти овоможува и пријатна атмосфера за лицето кое спие, вклучително ефектот на ароматерапија. Покрај пресвлеката, за што подобра заштита на лицето кое спие, се препорачува и припаѓачаката покривка од ткаенината против комарци, (Antimoskito line).